Вие сте во:
Македонико >> Услуги -
.
 

НетМаркет е во бизнисот на "e-commerce". Овој термин се однесува на цел еден сектор на бизнисот кој се однесува на деловност која се имплементира преку електронски средства, најчесто интернетот. Постојат многу начини на успешна деловност преку интернет. Некои фирми исклучиво го водат својот бизнис преку интернетот, но многу почести се случаевите кога веќе постоечки фирми го прошируваат своето делување и преку интернет.

НетМаркет се јавува како консултантска фирма во оваа област, со тоа што извршува увид во деловноста на фирмата клиент, и во зависност од типот на дејноста и останатиот деловен контекст, предложува конкретно решение за репрезентација и промовирање на фирмата преку интернет, како и мерки за нејзино доближување до купувачите. Тоа значи дека ние не работиме само класичен "веб дизајн", туку креираме интернет страници за фирмите кои имаат конкретна функција ставена во интересот на фирмата - тоа може да бидат бази на податоци за асортиманот, продажба преку интернет, рекламирање, унапредување на соработка со странски фирми и сл.

Конкретен и целосен спискок на услуги, како и ценовник, не може да се изработи поради специфичноста на условите на секоја фирма која сака "да оди на интернет", но ова се накратко услугите кои ги нуди НетМаркет преку овој веб-сајт и директно:

Изработка на интернет страници. НетМаркет ќе ви креира интернет страница ("веб-сајт") за вас лично или вашиот бизнис која што успешно ќе ве репрезентира. Нашиот консултант за e-commerce е дипломиран експерт по менаџмент и e-commerce од реномиран Американски универзитет, и по само еден состанок ќе ви предложи тип на страница кој најмногу ќе одговара на вашите потреби. Во услугата спаѓа и конкретна препорака како да се употребува страницата по нејзината изработка.с

Aжурирање на вашата интернет страница. Во зависност од типот на вашиот бизнис, се утврдува одредена фреквенција на ажурирање на интернет страницата. Тоа овозможува таа секогаш да ја отсликува реалната состојба во вашиот бизнис, а никогаш да не биде застарена. Ние ќе ве потсетиме кога страницата треба да се ажурира и ќе дојдеме кај вас да ја завршиме работата.

Хостирање на вашата интернет страница. Вашата лична или деловна интернет страница можете да ја хостирате кај нас или на било кој од нашите домашни интернет провајдери. Доколку е хостирана кај нас, гарантираме за функционалноста и постојаноста на вашата страница, 24 часа на ден, нон-стоп.

Интегрирање на вашата интернет страница со www.makedoniko.com. Логото од вашата фирма ќе биде поставено на соодветна страница во Македонико, во рубриката "Компаративен шопинг" или пак на главната страница, во зависност од договорот. Потоа, ќе ги внесеме податоците за асортиманот на вашите производи и услуги во базата на податоци во Македонико, со што посетителите ќе можат лесно да "сурфаат" низ производи од интерес и да добијат информација каде можат да се пронајдат и по која цена. Базите на податоци се интегрирани во рубриката "Компаративен шопинг" (за илустрација, проверете ги линковите "Мебел", "Електроника" или "Галантерија").

Вашата интернет страница - "Searchable". По изработката на вашата интернет страница, ќе создадеме линкови до вашата страница и од други македонски сајтови кои содржат директориуми на линкови до други македонски интернет страници. Исто, страниците ќе ги пријавиме и на најпознатите светски пребарувачи (Yahoo, Altavista, Excite...).

Продажба преку аукција (јавно наддавање или лицитација). Индивидуалец или фирма која сака да се обиде да продава предмет или стока преку аукција, може да се јави во НетМаркет и да го пријави предметот или стоката. Таа ќе биде објавена за продажба под линкот "Аукција", категоризирана под соодветна рубрика.

Линкови до вашите интернет страници. Во рубриката "Мак Web-Адресар" се наоѓаат линкови до многу од интернет страниците во Македонија. Сеедно дали сте фирма или индивидуалец, можете слободно да ја пријавите и вашата интернет страница ма Македонико, по што ќе создадеме линк до вашата страница. Оваа услуга не се наплаќа, а за пријавување на вашата страница, кликнете на линкот "Додади URL" во навигационата табела кон горниот дел на оваа страница.

Бесплатни огласи. Ова е бесплатна услуга за секого. Едноставно следете го линкот "Огласи" и потоа прочитајте ги огласите класифицирани во рубрики. Можете да објавите било каков оглас, и вие самите одредувате во која рубрика ќе биде објавен. Потоа, добивате лозинка специфична само за вашиот оглас, со која можете подоцна да го избришете огласот ако за тоа има причина.

 


.


назад